Лидерите на ЕУ се согласија да ги забрзаат реформите на пазарот на електрична енергија
Лидерите на Европската унија се согласија да ги забрзаат реформите на пазарот на електрична енергија со цел да се избегнат големи скокови на цените како што беше случај минатата година.
Лидерите на земјите-членки, исто така, синоќа, во нивните заклучоци усвоени на првиот ден од дводневниот самит, ги повикаа Советот на ЕУ и Европскиот парламент „што е можно поскоро да постигнат договор за сите релевантни предлози за забрзување зелената транзиција и да се продолжи со работа на предложената реформа за создавање пазар на електрична енергија без одлагање што ќе биде усвоена до крајот на 2023 година“.
Минатата недела ЕК предложи реформа на пазарот на електрична енергија, чија цел е да се обезбеди стабилност на цените преку долгорочни договори и да се поттикнат инвестициите во обновливи извори на енергија.
Една од темите за кои се разговараше на Самитот на ЕУ беше улогата на нуклеарната енергија во зелената транзиција, за која речиси и да нема договор меѓу членките. Од една страна, Франција ги предводи земјите кои се залагаат за нуклеарната енергија да се третира како зелена, што би донело одредени придобивки кога се инвестира во тој вид енергија. Земјите како Данска, Германија и Шпанија се против тоа, тврдејќи дека интегрирањето на нуклеарната енергија во законот ќе ги поткопа напорите за проширување на обновливите извори на енергија како ветерот и сонцето.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје