Ловен: Ќе броиме илјадници починати, мораме да се подготвиме за тоа
Шведска ќе мора да се подготви за илјадници починати од новиот коронавирус, изјави премиерот на земјата Стефан Ловен.
– Ќе броиме илјадници починати. Мораме да се подготвиме на тоа, истакна Ловен во интервју за шведски дневен весник, додавајќи дека земјата се соочува со криза поради бројот на луѓе на кои им е потребна помош и поради намалениот економски раст.
Тој предупреди дека пандемијата на Ковид-19 ќе трае со „месеци, а не недели“.
– Се одлучивме за стратегија на зарамнување на кривата, да спречиме драматичен пораст на заразени, бидејќи нашиот здравствен систем нема да може да се справи со тоа, изјави Ловен.
Евентуалниот неуспех во спроведувањето на таква стратегија ќе значи, како што предупреди шведскиот премиер, „повеќе пациенти на интензивна нега и значително повеќе починати“.
Шведска во однос на соседните земји, Данска и Норвешка, воведе многу поблаги мерки во борбата против коронавирусот. Властите денеска соопштија дека има 612 нови случаи на заразени со Ковид-19 и сега се вкупно 6.000, а бројот на смртни случаи достигна 333, односно дневно меѓу 25 и 30 луѓе.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка