Лозарите бараат грозјето да се плаќа според шеќерни единици
Лозарите од Тиквешкиот регион бараат грозјето од годинешнава реколта да се плаќа според шеќерни единици, истакна денеска претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев.
- Ги утврдивме нашите предлог цени и плаќање според шеќерност. Колку повеќе малигани, повеќе пари. Така на пример за најзастепаната сорта „смедеревка“ бараме цената за најниска шеќерност од 16 малигани да се откупува по цена од 13 денари. За 17 - 13,8, за 18 - 14,6, за 19 - 15,4, за 20 -16,2, додека за највисока шеќерност од 21 малиган цената да изнесува 17,06 денари за килограм, појасни Кулев.
Според калкулациите на Здружението, цената на „вранецот“ како најзастапена црна сорта на грозје, за 18 шеќерни единици да изнесува 15 денари, за 19 – 15,8, за 20 – 16,6, за 21 - 17,5, за 22 - 18,3 денари за килограм, со постепено зголемување на цената за секоја шеќерна единица, при што за 23 малигани цената според нив треба да достигне до 19,17 денари.
Ново на Сител
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода