Лукаревска: СДСМ има резултати што прават разлика во секој сегмент
СДСМ има резултати кои вистински и реално прават разлика во секој сегмен споредбено со ВМРО-ДПМНЕ, порача заменик претседателката Сања Лукаревска на денешната трибина „Резултати што прават разлика, на тема инфраструктура што се одржа во Битола.
-Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат. Да ги земеме прво платите. Минимална плата - 8.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 20.000 денари СДСМ. Просечна плата – 20.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 34.000 денари СДСМ. Кај пензиите, просечната во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 13.000 денари, а сега со СДСМ е 19.000 денари. Невработеност – ВМРО-ДПМНЕ 25%, СДСМ 14% во овој момент. Директни странски инвестиции – 760 милиони евра СДСМ во кризна година два пати поголеми од 2016 година. Во енергетиката- 18 мега вати во време на ВМРО-ДПМНЕ и 283 мега вати инсталиран од обновливи извори на енергија во време на СДСМ. Поврат на ДДВ, нула во време на ВМРО-ДПМНЕ, 2.100 денари во време на СДСМ. Патишта – 600 километри ВМРО-ДПМНЕ за 10 години, 1.400 километри асфалт СДСМ за 6 години.“ порача Лукаревска.
Заменик претседателката оцени дека со ВМРО-ДПМНЕ државата 11 години беше заробена и изолирана држава, а денеска сме партнер со САД и со ЕУ, членка на НАТО и со започнати преговори со ЕУ со СДСМ.
-Затоа, резултати и исполнети ветувања што прават разлика е најсоодветно во овој момент што важи за СДСМ, најголемата, најсилната, државотворна партија во земјава, заклучи Лукаревска во обраќањето на денешената трибина Резултати што прават разлика во Битола.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш