Свет
7. November 2024 - 19:09

Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска помилува 31 лице затворени поради „екстремизам“, обвинение што често се користи против политичките противници.

Помеѓу помилуваните две се жени, 17 се хронично болни и три лица со инвалидитет.

Лукашенко изминатите месеци повеќе пати помилува лица приведени поради антивладини протести. Тој во септември помилува 67, а во август 30 лица.

Според невладината организација за човекови права „Виасна“, во Белорусија, земја со околу десет милионско население, има речиси 1.300 политички затвореници.