Македонското јаболко ќе се извезува во Украина без царина
Македонското јаболко ќе се извезува во Украина без царина, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.
По почетокот на бербата на Преспанското јаболко, денеска во Ресен, Хоџа посочи дека набрзо ќе биде потпишан договор со Украина, кој ќе отвори нов пазар значаен за регионот, не само за јаболката, туку и за останатите земјоделски производи.
– Се отвора нов пазар. Ги завршивме преговорите со Украина и јаболкото во оваа земја ќе се пласира со нула посто царина. Останува само техничкиот дел на потпишување на договорите, кој заради пандемијата неможеше да се реализира. Но тоа ќе биде набрзо и е значајно за овој регион не само за јаболката, туку и за другите производи, рече Хоџа.
Не очекува проблем за пласманот на јаболката, нагласувајќи дека Владата ќе субвенционира по три денари за продаден килограм индустриско јаболко.
– Не очекуваме проблем во делот на пласманот на јаболкото. Проблемот се ствара во делот на индустриското, кое заради тешката година има поголеми количини. Заради тоа од Буџетот се одвоени по три денари за килограм за производителите за продадено индустрисно јаболко, изјави Хоџа.
Иако не очекува проблем при откупот на јаболката, нагласи дека ако навистина има потреба за делување, ресорното Министерство и Владата ќе излезат во пресрет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници