-->
-->
Манчестер Сити го совлада Лестер
-->
Екипата на Манчестер Сити забележа победа над Лестер во натпревар од 37.коло на англиската Премиер лига.
На првата средба од денешната програма одиграна на „Етихат“ екипата на Манчестер Сити со 2-1 го победи Лестер.
Головите за популарните „граѓани“ ги постигнаа Давид Силва (29.минута) и Габриел Хесус (36), додека на Лестер погоди Шинџи Оказаки (42). Гостите во 78.минута имаа можност да го израмнат резултатот но Махрез не успеа да реализира најстрога казна.
Попладнево ќе се одиграат уште четири натпревари и тоа: Бурнемут - Барнли , Мидлсборо – Саутемптон, Сандерленд – Свонси (од 16 часот) и Стоук– Арсенал (од 18:30 часот).
Претпоследната рунда во англискиот шампионат ќе биде комплетирана утре си трите натпревара, Кристал Палас – Хал (13 часот), Вест Хем – Ливерпул (15:15 часот) и Тотенхем - Манчестер Јунајтед (17:30 часот).
Табела: Челзи 87 бодови, Тотенхем 77, Ливерпул 70, Манчестер Сити 69, Арсенал 66, Манчестер Јунајтед 65, Евертон 61,..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци