Мартинез ја напушти клупата на Белгија
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, ја презеде одговорноста за елиминацијата на неговиот тим во групната фаза на Светското првенство во Катар и по вечерашното реми 0-0 против Хрватска поднесе оставка на должноста.
„Се збогувам со репрезентацијата, а тоа како што можете да замислите е многу емотивно“, изјави на прес – конференцијата по натпреварот Мартинез, кој ја предводеше Белгија од 2016 година.
„На минатото Светско првенство завршиме на третото место. Сега турнирот го завршивме веќе во групната фаза и тоа секако е неуспех за белгискиот фудбал. Против Канада не бевме вистинските, но победивме. Потоа сосема заслужено загубивме од Мароко, додека против Хрватска. Создадовме многу шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Штета, тажни сме, но мислам дека поради овој последен натпревар може со крената глава да го напуштиме првенството. Ова не е крај на златната ера на белгискиот фудбал, во нашиот состав имаме многу млади и квалитетни играчи“, додаде Мартинез.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости