Свет
13. July 2017 - 20:43

Масакр на детска забава: Влегле маскирани како полицајци и убиле 11 лица

Маскирани напаѓачи влегле на детска журка во централно Мексико   убиле 11 лица, но од децата никој не е повренм соопштија тамошните власти. Три деца кои таму бие останале неповредени.

Едно дете им рекло на властите дека луѓе маскирани во полициски униформи упаднале на забава и ги убиле сите возрасни.

Полицијата одговорила на итниот повик кој им е упатен во градот Тисајука нешто по полноќ.

Соседите велат дека четворица напаѓачи упаднале во големиот бел шатор, каде едно локално семејство правело забава за деца и убиле седум мажи и четири жени, додека никој од децата не е повредено.