Меѓународен турнир во пливање „13 Ноември“ во базенот во Карпош
Во базенот во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вчеравечер се одржа 8. Меѓународен турнир во пливање „13 Ноември“ – традиционален спортски настан кој се организира во пресрет на одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје.
Натпреварувањето го организираше пливачкиот клуб „Бета Шаркс“, годинава со поддршка од Општина Карпош. На дводневниот пливачки турнир учествуваа натпреварувачи од земјава, соседните држави и регионот.
Турнирот почна со трка на лица – деца со попреченост, а потоа продолжија натпреварувањата и во другите дисциплини. Турнирот го отвори градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, кој на учесниците им посака спортски успех и уште многу учества на пливачките турнири. Богоев ги додели медалите и дипломите за најуспешните.
– Како локална самоуправа навистина многу инвестираме во спортот, во подобрување на спортската инфраструктура. Доделуваме стипендии на ученици спортисти. Исто така, во постапка сме за изведба на еден училишен, затворен базен во „Јан Амос Коменски“. Искрено се надевам дека имате убав престој во Скопје и од тука ќе си заминете со нови пријателства, достигнувања и лични рекорди во пливање, рече Богоев.
Општина Карпош соопшти дека и натаму ќе вложува во развој на спортот на локално ниво. Интензивно се работи на обновување на училишните сали и игралиштата. Примарна цел е да се создадат подобри услови за спортување, со што би се оствариле и подобри резултати на спортистите на домашни и на меѓународни натпревари.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата