Македонија
8. October 2024 - 16:34

Мендух Тачи и официјално надвор од Европскиот фронт, ДУИ сè уште го бројат за нивен

Мендух Тачи и официјално е надвор од Европскиот фронт што го предводеше опозициската ДУИ. Тој ги потврди шпекулациите од минатата недела во интервју за македонската Клан. Сепак, лидерот на ДПА не открил како тој ќе дејствува во параламентот и дали ќе се прибилижи до владејачката Вреди. Залудувачки пак, Тачи не штедеше пофални зборови за ДУИ и за нејзиниот лидер Ахмети, со кој рече дека ќе остане во контакт.

„Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за 100 дена за владеењето на Владата организирана од „Европски фронт“ е тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот....Сменив 80% ставот кон ДУИ. Има добри мажи и жени кои се национално богатство...Ќе продолжам да комуницирам со г. Ахмети секогаш кога ќе биде потребно и во интерес на Албанците“

Тачи тврди и дека тој во име на Фронтот преговорал со ВМРО-ДПМНЕ по изборите за составување на Влада и дека му понудиле да биде претседател на Собранието, но дека до договор не дошло кога од партијата на Мицкоски побарале спикерското место сепак да остане македонско. Тој ги криткуваше Вреди, а вели дека ДПА може да разговара со оваа влада само за интегративниот процес и уставните измени.

Од ДУИ, кои до вчера тврдеја дека Европскиот форнт е стабилен, а пратеничката група целовите денеска велат дека не гледаат закана во тоа што Тачи и официјално не е дел од нивната коалиција. Дури и понтаму го сметаат за свој бидејќи според нив ќе дејствувал опозициски.

Тачи влезе во заедничка коалиција со ДУИ пред изборите како дел од Европскиот фронт, преку кој и го издејствува пратеничкото место. Во Собранието се уште нема стигнато известување како тој ќе дејствува, но по овие изјави Европскиот фронт ќе располага со 17 пратеници.

И Меџити и Таравари и Касами од владејачката Вреди тврдат дека излезот на Тачи е почеток на распадот на Европскиот феронт на Ахмети кои не бил составен по идеолошка основа. Тројцата лидери велат дека се разговара со пратеници од Европскиот фронт кои би преминале на страната на власта.