Македонија
8. October 2024 - 7:57

Можни ли се уставни измени со одложено дејство?

Во политиката се е можно па така и уставни измени со одложено дејство, сметаат дел од експертите. Но сепак мислењата се поделени-според едни ова е добра опција за Бугариоја да не може да ни поставува нови услови во иднина, додека за други уставни измени со одложено дејство е тешко изводливо. На овој став се во моментов и во Брисел.

Откако ќе се формира нова и стабилна Влада во Бугарија треба да се стави на маса ова прашање, смета поранешниот амбасадор во САД, Васко Наумовски. Според Наумовски оваа опција ќе не зашитити од идни закани од источниот сосед, но смета и дека земјите членки на ЕУ можат да притиснат околу македонското прашање, додека Бугарија е во исчекување за влез во еврозоната.

Тешко замисливо е да се остварат уставните измени со одложено дејство, смета директорката на ЕПИ, СИмонида Кацарска. Според Кацарска Македонија треба да работи на поефикасни врски со партнерите во Европската унија.

Повеќе од половина популација од државата односно 58,4% сакаат Македонија да биде дел од Европската унија, додека 11,6 % од граѓаните кои учествуваа во анкетата на Институтот за европска политика не сакаат Македонија да биде дел од европското семејство.