Мицкоски: Да постигнеме договор со Бугарија, но бараме гаранции од Брисел за јазикот
Вечерва во централниот дневник на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски посочи за да се постигне договор со Бугарија потребни се гаранции од Брисел за јазикот, специфичноста на народот и да се обврзат да не ја блокираат повеќе земјава кон ЕУ.
„Велам ќе почнат притисоците, ќе почнат повторно притисоците врз пратениците, ќе почнат притисоците врз луѓето кои што се внатре, ќе почнат девалвирањето на тој парламент итн. И како што е сценарио видено веќе во минатото. И затоа јас велам јас го прифаќам сиот товар врз себе да ги заштитиме тие луѓе кои што се во Парламентот, да го заштитиме нивното достоинство, да ги видиме оние гаранции од Брисел и после можеме да разговараме за секакви договори“,истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека во овој момент и во иднина како што стојат бројките и расположението на граѓаните таков договор каков што планира да го потпише Ковачевски нема да биде успешно поминат во Парламентот.
„И одбивам да бидам прогласен ако не го поддржам тој договор за анти ЕУ. Прво, на маса сакам да видам гаранции бидејќи и Петков бара, барам и јас гаранции. Да видам гаранции за мајчиниот мој јазик, македонскиот, да видам гаранции за мојот народ македонскиот дека има своја историја вековна, традиција, култура, обичаи, и конечно трета една гаранција дека никогаш повеќе никој нема за вакви глупости нас да не попречува да станеме земја членка на ЕУ“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ понуди заеднички со власта да седнат на иста маса и да изградат заеднички став во врска со проблемот со Бугарија. Потребно е да се заштити идентитетот на Македонија.
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд