Мицкоски: Иден претседател е Гордана Силјановска Давкова

Денеска сме овде во Прилеп на овој голем христијански празник Благовец каде што православните христијани чествуваат, слават именден на сите они кои што денеска им е именден им посакувам вечно име многу здравје, среќа, успеси за нив, за нивните семејства се разбира, но и на сите оние православни верници кои што денеска го слават овој ден би сакал да им го честитам и да им посакам многу здравје, среќа, бериќет и успеси на нив и на нивните семејства.
Потоа продолжуваме во југоисточна Македонија, денеска сме во делот на Струмичко, делот на Радовишко, продолжуваме со претседателската кампања она што можам да го кажам е дека се чувствува победничка атмосфера во Република Македонија, насекаде ја чувствуваме енергијата на нашите сограѓани дека иден претседател на Република Македонија е Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и ќе му оставиме можност на претседателот на владата господинот Заев еднаш да си го одржи зборот и да распише предвремени парламентарни избори.
Вчера бев сведоци на еден нервозен реалити стенд ап настан на претседателот на владата господинот Заев, бидејќи и он е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија.
Но, годините потоа граѓаните на Република Македонија видоа со каков човек имаат работа дека станува збор за човек кој што освен распродажба на националното достоинство, националната чест се служи многу со лаги иманипулации и тоа е насекаде очигледно.
Но, најпрвин ајде заедно со најголемата коалиција во Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот да победиме на 21 април и на 5 мај па дури потоа ќе му думаме како и кога ќе бидат предвремените парламентарни избори.
Долгата приказна накратко Зоран Заев е нервозен, Зоран Заев и неговиот деспотски избран кандидат знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните, се заканува, препелка, уценува, притиска, ги користи безмилосно државните ресурси, но и сето тоа му е попусто, сите нив на купче народот заедно со опозицијата ќе го порази на 21- април а потоа тоа ќе го потврдиме и на 5 мај.
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
