Македонија
12. јуни 2024 - 16:38

Мицкоски: Почитувањето на Преспанскиот договор е двонасочна улица

Колку од преспанскиот договор има спроведено Македонија, а колку Грција. Ваков документ има подготвено мандатарот Мицкоски со кој ќе ги информира меѓународните партнери чии препораки за почитување на потпишаниот договор изминатиот период се насочени само кон Македонија. И денеска вели дека спореведувањето на меѓународните договори е двонасочна улица.

 Ако конкретно мислите на Преспанскиот договор, и ние како идна влада го почитуваме во детали, се што е дел од нашето законодавство, во Устав, се почитува во детали, и тука не треба да има никој никаква дилема. Но истовремено очекувам и вториот потписник, а тоа е нашиот јужен сосед, да ги почитува. Креиравме документ колку е имплементрирано од наша страна, а колку е имплементирано од грчка страна, и планираме да го запознаеме секој оној којшто е љубопитен да знае колку двете страни го почитуваат билатералниот меѓународен договор, потенцира Мицкоски.

По победата на Европската народна партија на европските избори Мицкоски очекува идниот состав на Европската комисја поинтензивно да работи на проширувањето а спроведените реформи да бидат единствен критериум на патот кон унијата.

Грешката која ја направи се уште актуелната Влада за жал ги наруши преговарачките позиции и лековерноста на некој од политичарите кои беа и се се уште дел од оваа Влада ни ги отежна позциите но јас сум убеден дека ќе преовлада разумот дека ќе разговараме за иднина а не за минато, и дек аимаме разумен предлог којто ВМРО-ДПМНЕ го има како дел од својата изборна програма и дека ќе наидеме на разбирање и дека ќе го откочиме патот и јас сум убеден дека во фуриозен стил Македонија ќе биде дел од ЕУ, рече Мицкоски

Ова прашање било и едно од прашањата на средбата помеѓу американскиот и францускиот претседател која се одржа во Франција. Како што информираше Белата куќа, Бајден и Макрон ја повикуваат новата влада во земјава да остане фокусирана на патот кон Европската унија и да се придржува до своите меѓународни обврски.