Македонија
12. јуни 2024 - 16:38

Мицкоски во вторник ќе ја предложи Владата во Собрание

Мицкоски во вторник, 18 јуни, ќе го достави предлогот за Влада со сотав и програма до парламентот. До тогаш, мадаторот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ очекува сите партии дел од владибата коалиција да ги потврдат своите предлози. Неговата партија тоа ќе го стори во недела со седници на Извршниот и Централниот комитет.

Изборот на Владата, според собрнаиски избори пак, треба да се случи неколку дена подоцна. Но, Мицкоски веќе ги знае и првите потези. Веќе најави јавен повик во септември вреден 100 милиони евра  - буџетски пари за општините. Ваков повик со вредност од 250  милиони евра ќе биде распишан и во јануари догодина. За 25 јуни пак, нјавува инвестиција од 400 до 450 милиони евра во енергетскиот сектор. За првите 100 дена најавува законски измени со кои ќе се укинат економските директори во здравство, ќе се интегрира Клиничкиот центар и ќе се намалат членовите во управните одбори за 20 отсто, а Мицкоски бара и укинување на заменик-директорските позиции. Мандаторот најави и дека ќе остане на рефорамата во провасудството преку распуштање на Судскиот совет.

Во исчекување на официјалниот предлог за владиниот кабиент, во јавноста веќе се шпекулираат некои од идните министерски имиња. Последна промена е Панче Тошковски, наместо министер би станал десна рака на Мицкоски како генерален секретар во Владата. За МВР се споменуваат Александар Јанев, поранешен началеник за организиран кринминал, но и Игор Јанушев. Името на Јанушев е актуелно и во ресорот одбрана, каде се споменува и Владо Мисајловски. За надворешни работи – Муцунски, за здравство – Таравари, за односи со заедниците – Љупчо Димовски, за финансии – Гордана Димитриевска Кочовска, за енергетика – Сања Божиновска, за екологија  и вицепремиер - Изет Меџити, за транспорт – Александар Николовски...

 Дел од кадровските решенија во владиниот кабиент ќе зависат и од најавените измени на законот за локална самоуправа за градоначланиците што треба да заминат во извршната власт.

Законот се очекува да биде поднесен и донесен до крајот на наредната недела.