Македонија
18. July 2026 - 16:43

Мицкоски за извештајот за владеење на правото: Ќе критикувам додека не видам резултати

Изврештајот на ЕК за владеење на правото е најдобриот кој досега го добила државата,но не е одличен, оценува премиерот Христијан Мицкоски. Вели владата е свесна за критиките кои сме ги добиле, но дел од забелешките се контрадикторни. Иако Брисел критикува дека независноста на правосудството останува под притисок, Мицкоски со порака дека нема да запрат неговите критики додека не види резултати. Порача дека сите барања на судско обвинителската фела се испочитувани, но пари за повисоки плати нема.

ЕК го потврди она што го зборува СДСМ - Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судствотото, реагираат од опозицијата. Според нив, забелешките на Комисијата за реформи, широко распространета корупција и проблематични тендери, се одраз на актуелната состојба во правосудниот систем .

Во извештајот кој вчера го објави ЕК во делот на владеење на правото , нотирано  е дека Македонија прави реформи но предизвиците остануваат.Наведено е дека притисокот од другите гранки на државната власт предизвикуваат загриженост во однос на почитувањето на судската независност. Според Брисел, предизвик останува недоволното буџетско финансирање и предметите против високи функционери кои ретко завршуваат со правосилни пресуди.