Милевски: Поддршката на иновативноста на малите и средни претпријатијата е еден од клучните услови за порамномерен и побрз економски развој
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го отвори форумот на кој беа презентирани Студиите за економските карактеристики на планските региони, за регионалниот развој, како и за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото.
Тој, како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, истакнал дека креираат нова Стратегија за регионален развој што ќе го детерминира развојот на планските региони во наредните 10 години.
– Евалуацијата на претходниот стратешки документ покажа дека целите не се остварени од различни причини. Целта е да подготвиме реален документ кој ќе придонесе кон намалување на развојните разлики меѓу планските региони, посочи министерот Милевски.
Тој додаде дека се подговтвени секторски анализи за сите области, меѓу кои и експертски анализи за економските карактеристики на планските региони и за поддршката на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, од кои се очекуваат препораки за побрз и порамномерен развој.
– Стратегијата ќе биде подготвена до ноември, но важно е да се користат реални податоци и затоа по објавувањето на резултатите од претстојниот попис следната година, стратегијата ќе биде ревидирана, рече Милевски.
Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски потенцираше дека регионалниот развој и децентрализацијата се исклучително важни и во контекст на европските перспективи на земјата.
– Само со силни општини и со региони со воедначени развојни ресурси може да се забрза процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија и да се подобри животниот стандард на граѓаните, рече Димитровски.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции