Македонија
8. November 2024 - 16:31

Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија

Некомпетентната и партизирана администрација ќе се едуцира преку Академија за јавна администрација. Ова е едно од решенијата кои ги нуди ресорниот министер Горан Минчев за поголема ефикасност на вработените. За поголеми реформи, приоритет на министерството било и финализирање на законите за вработени во јавен сектор, за административни службеници и законот за стручно усовршување.

И законот за правична застапеност е една од опциите за реформи во администрацијата. Иако не е дел од екпертската група која го подготвува Законот Минчев вели дека стручњаци прават квалитетно решение кое ќе го замени балансерот. Дотогаш вработувањата ќе се реализираат на база на знаење.

Тоа што Минчев не бил дел од работната група според СДСМ било знак дека тој и неговата партија биле безгласна буква во кабинетот на Мицкоски.

Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски. Минчев потврди дека оваа Влада нема своја автентична политика. Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле исправни, туку и го трасирале вистинаниот реформски пат, според европските стандарди.

По умерениот напредок кој го нотираше Брисел кај јавната администрација, системски решенија и реформи се единственото решение за проблемот, забележала и Секторската работна група за реформа на јавната администрација на денешниот состанок.