Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.
Тој за француското радио Еуроп-1 рече дека ЕУ планира да ја принуди фармацевтската индустрија да ги почитува потпишаните договори.
Сепак, со оглед на логистичките предизвици и бавната вакцинација во ЕУ досега, Мишел посочи дека ќе биде тешко да се исполни целта на Европската комисија до крајот на летото да се вакцинира 70 отсто од возрасната популација.
ЕУ склучи шест договори за вакцини за повеќе од две милијарди дози, но само вакцините на Фајзер-Бионтек и Модерна досега се одобрени за употреба.
Европската агенција за лекови во петок треба да разгледа дали да одобри употреба на вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“