Живот
14. July 2015 - 10:40

Мислеле дека загинала во авионска несреќа, а се појавила жива по два дена

Во текот на викендот, Лиланд и Шерон Боуман и нивната внука Отом Вич заминале со приватен авион на излет. Тие полетале од Калиспела во Монтана, но пред да стигнаате до Омак во Вашингтон, им се губи секакава трага.

Но два дена подоцна една тинејџерка излегла од шумата недалеку од Мазам во американската сојузна држава Вашингтон и запрела еден возач кој минувал од таму во моментот. Кога тој ја прашал дали е се во ред, таа одговорила дека таа е девојката од авионската несреќа што се случила во текот на викендот.

Дополнително е утврдено дека се работи за 16-годшната Отом Вич, а среќната вест ја потврди нејзиниот татко со објава на Фејсбук.

Таа на полицијата и рекла дека „неколку дена само одела“. Има лесни изгореници и дехидрација, но лекарите тврдат дека нејзината состојба е стабилна.

- Не сакаме да зборуваме за статусот на дедото и бабата. Само ќе речам дека таа е единствна која се појави по несреќата, рече шерифот Френк Роџер, додавајќи дека се испратени неколку авиони да го истражат делот околу Омак и да го пронајдат исчезнатиот авион.

- Тоа е посебно непрооден дел, а во овој момент времето не соработува со нас, но се надеваме дека ќе биде поведро, рече Џефри Лустик, еден од пилотите, додавајќи дека дел од неговите колеги се во потрага уште од викендот, веднаш штом дознале дека авионот не слетал, но не успеале да го пронајдат авионот.