-->
-->
ММФ: Бегалската криза Грција ја чинела околу 300 милиони евра
-->
Бегалската криза Грција ја чинела околу 300 милиони евра во 2015 одина, покажува извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.
Во извештајот се анализирани економските последици од зголемувањето на бегалскиот бран во Европа минатата година.
Според Фондот кризата Грција ја чинела 0,17 отсто од Бруто домашниот производ на земјата.
Највисока цена од бегалската криза платила Шведска, а по неа е Данска. Трошоците за бегалците во Германија, Италија и Холандија исто така биле поголеми од оние во Грција.
Во меѓувреме германскиот економски весник „Ханделсблат“ ја критикува Европската унија поради начинот на справување со бегалскиот проблем.
Според весникот грчкиот премиер Алексис Ципрас не е способен или не сака да ги заштити надворешните граници на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје