МОН: Заврши пријавувањето за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука информира дека на 3 декември заврши рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 25 ноември.
Апликациите, велат од МОН, ќе бидат разгледувани од страна на посебна комисија формирана за оваа намена, откако ќе пристигнат податоците за апликантите кои се бараа согласно повикот, а кои ги обезбедуваат Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи и студентските служби на факултетите.
Од МОН потсетуваат дека повикот се однесуваше на редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Северна Македонија, не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.
-Правото на субвенциониран студентски оброк подразбира добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината, односно по 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, велат од МОН, и додаваат дека годинава исплатата ќе се реализира ретроактивно, почнувајќи од 15 септември.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости