Монетарната политиката на ЕЦБ ги чини германските штедачи 36 милијарди евра годишно
Германските економисти бараат од Европската централна банка (ЕЦБ) да ги зголеми каматите, откако во еврозоната беше забележан повисок раст на цените во декември од очекуваниот, јави дописникот на МИА од Берлин.
- Време е за нормализација на монетарната политика. Сега е можна промената на каматите, изјави директорот на германската „ДЗ Банк“, Штефан Биен Мајер,
Со бизнисмените се согласува и науката. Првиот човек на Институтот за економски истражувања од Берлин, Марсел Фрацер вели дека „колку побрзо ниво на инфлација го достигне нивото од два отсто, толку побрзо ЕЦБ ќе може да ги покачи каматните стапки.
Предходно и претставничката на економскиот панел, што ја советува германската канцеларака Ангела Меркел, Изабел Шнабел најави дека може да дојде до промена на монетарната политика во Германија и ЕУ.
Цените на прозиводите за широка потрошувачка во Германија во декември пораснаа за 1,7 отсто. што е највисоко ниво на раст во последниве три години. Во 2017 година нивото на инфлација во земјата се очекува да се искачи на 1,5 проценти, што е за речиси три пати повеќе од минатата година.
Доколку шефот на ЕЦБ, Италијанецот Марио Драги ги одбие барањата од Германија и не ја зголеми каматната стапка во еврозоната, која сега изнесува 0,25 отсто, се очекува германските штедачи само во текот на 2017 година да загубат околу 36 милијарди евра на име на камати на штедни влогови.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево