Македонија
6. November 2024 - 16:52

Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион

На околу 600 метри надморска височина, во близина на Кратово се наоѓаат лозовите насади на винаријата Монтеко.

На земја од вулканско потекло се одгледува грозје, кое потоа се користи за производство на премиум винa.

Енологот Горан Миланов кој е главен консултант на Монтеко, ни ги објасни предностите на Кратовскиот вински регион. Надморската височина на која се одгледуваат лозите, му дава белег, посебна арома и зачинетост на виното, за разлика од грозјето кое расте на пониско. Дополнително вулканската почва во комбинација со надморската висина е предуслов за добивање на врвни вина со посебни каректеристики.

Додека тој ни објаснуваше, ние ги дегустиравме вината, а Темјаниката е секогаш одлична за почеток.

Кај селото Туралево, Монтеко планира да насади уште 25 хектари со шест нови сорти на грозје. Инвестицијата е веќе започната, и се очекуваат за две години првите количини на грозје за производство на новите вина.

Винаријата која што прв пат е отворена во 1956 година, пред неколку години е целосно реновирана и модернизирана, опремена со најсовремена и софистицирана опрема која гарантира производство на висококвалитетни вина.

Миланов нѐ прошета низ производните погони на винаријата. Прво бевме кај танковите со Бели вина од годинашната берба, ни ја откри и тајната за совршени Бели вина.

- Филозофијата за производство на бели вина е кога ќе се добие младото вино, треба да одлежува одреден период од два, три, четири месеца на сопствениот талог.

Пробавме и од асортиманот на новите црвени вина, вината од оваа реколта. Оваа година заради високите температури во Македонија добивме грозје со поголема содржина на шеќер, на тој начин и вината се со поголема содржина на алкохол, ова е посебно изразено кај сортата Вранец.

- Нема да биде крајниот производ. Секаде во Македонија. Ова ќе се чека Вранецот од догодина којшто ќе треба да биде, дај Боже, полесен, со помалку алкохол за да може да направиме купажа, за да може да биде виното суво.

Миланов ни го презентираше секторот за одлежување на вината во барик буриња, сортата Каберне Совињон одлежува во најквалуитетни француски буриња. Во двата вида на буриња, со црни и сиви траки, се барикира истото вино, меѓутоа се добива вино со различни каректеристики. Од двата вида Монтеко потоа ќе направи лимитирана верзија која ќе се најде на пазарот со име Волкано во следните неколку месеци. 

- Разликата е во нагорувањето, ова е Синерџи м+. И тоа е исто Синерџи м+, меѓутоа типот на бурето итн., има разлика, јас сум ги смилувал така. Ќе одат заедно и ова е една лимитирана серија на барикиран, барел ејџ.

Италијанска современа технологија се користи за негување и чување на вината додека да созреат и бидат подготвени за флаширање.

Во минатото секое семејство од градот Кратово имало свој лозов насад на кој што одгледувало вино за свои потреби, иако го подготвувале во домашни услови и на примитивен начин добивале многу квалитетни вина.

Монтеко соработува со голем број угостителски објекти кои што веднаш го препознаа квалитетот на вината и веке е дел од нивните вински карти, истовремено се поголем број на специјализирани продавници ја нудат целата палета на Бели и Црвени вина од Монтеко.