Морисон: Австралија не брза да ги отвори границите
Австралија не брза да ги отвори меѓународните граници и да го ризикува животот кој речиси е ослободен од коронавирусот, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.
Австралија ги затвори своите граници за сите лица кои не се нејзини државјани или немаат регистриран престој на нејзина територија во март 2020 година, а ограничен влез е дозволен во претходните месеци, главно за граѓаните кои се враќаат дома.
„Австралија не брза да ги отвори своите граници, ве уверувам. Јас нема да го загрозам начинот на кој живееме во земјата, што е прилично поразличен во споредба со остатокот од светот”, рече Морисон.
Затворањето на границата, заедно со силните рестриктивни мерки и следењето на контактите ја направи Австралија една од најуспешните земји во контролата на пандемијата, така што од првиот случај се регистрирани помалку од 29.500 заразени, додека починаа 910 пациенти.
Веќе неколку месеци, освен за време на кратки заклучувања, Австралијците можат да седат во ресторани, слободно да се собираат и да не носат маски на повеќето места.
Ново на Сител
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
