Loading Video...
Балкан
1. September 2023 - 16:33

Му доцнеле со кирија па газдата со експлозив го дигнал станот во воздух

Не му плаќале кирија па проблемот сакал да го реши на поинаков начин. 56 годишен жител од Смедерево активирал експлозив пред станот кој го издавал откако кираџиите не сакале да го пуштат внатре и да му платат кирија.

Тој загинал на лице место а со повреди се здобиле двајца од четиричленото семејството кое живело во станот. Повредени се 27 годишно момче и неговата сестра. Лекарите соопштија дека момчето ќе остане слепо на едното око.

Експлозијата се случила синоќа на последниот, четврти кат од зградата во центарот на Смедерево. Од силината на експлoзијата се оштетени и двата ката подолу и разнесен е дел од покривот на зградата. Според соседите, кираџиите му должеле повеќе од 7000 евра на газдата, ја смениле бравата и го малтретирале.