Мурињо: Мојот позитивен биланс против Арсенал не значи ништо
Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо истакна дека неговиот добар биланс во пресметките со Арсенал на домашен терен нема никаква важност пред претстојното дерби на северен Лондон овој викенд во Премиер лигата.
Мурињо во својата тренерска кариера досега има десет натпревари против „топчиите“ на домашен терен како тренер на Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем и ниту еден пораз.
– Тоа е историја, ништо повеќе и нема никакво значење пред претстојниот дел, изјави Мурињо, во пресрет на гостувањето на Арсенал на „Тотенхем Хотспар стадион“.
Португалецот упати пофални зборови на адреса на тренерот на Арсенал, Микел Артета, но наведе оти не може со сигурност да каже дали тој е најдобриот млад тренер во Европа.
– Дали е тој добар и талентиран тренер? Тој веќе освои голем трофеј кратко откако дојде во тимот. За да седиш на клупата на Арсенал мора да поседуваш квалитет. Така што, да, Микел е добар тренер, но не ги познавам сите млади тренери и не знам дали тој е најдобриот, додаде Мурињо.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија