Мурињо: Тотенхем ќе освои трофеј пред да заминамМенаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е уверен дека ќе го доведе тимот до трофеи пред да го напушти клубот. Лондончаните не освоиле пехар веќе 12 години. Тие последен пат го направија тоа во 2008 година кога го
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е уверен дека ќе го доведе тимот до трофеи пред да го напушти клубот. Лондончаните не освоиле пехар веќе 12 години. Тие последен пат го направија тоа во 2008 година кога го освоија Лига купот.
– Колку му требаа на Јирген и Ливерпул? Четири години, четири сезони. Тоа вклучуваше купување на еден од најдобрите голмани на светот, купување на еден од најдобрите централни дефанзивци во светот и слично. Фокусиран сум на мојот тригодишен договор. Верувам дека можеме да освоиме трофеи во тој период. Ако не, но клубот го стори тоа после мене, ќе бидам среќен за тоа, додаде тој.
Тој вели дека работи за клубот и не размислува за себе.
– Мојата амбиција е иста, мојата ДНК е иста, но јас веројатно сум во фаза каде што помалку гледам во себе и моите рекорди и повеќе го гледам клубот. Јас сум оптимист затоа што започнав да работам уште од првиот ден. Веруваме дека ќе направиме промени во составот и затоа не ни требаат големи инвестиции. Не можам да верувам дека имало толку многу негативни епизоди во текот на сезоната, рече Португалецот.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата