На светската трговија и се заканува „законот на џунглата“
Светската трговска организација (СТО), најголемата меѓународна економска организација со 164 членки, оваа недела влегува во најсериозна криза од своето основање во 1995 година, бидејќи нејзиниот седумчлен Апелациски совет на полноќ останува со само еден судија. Со други зборови, доколку официјален Вашингтон „преку ноќ“ не го смени мислењето за СТО, светот веќе од утре би можел да остане без општоприфатениот арбитер кој би го имал последниот збор во случај на зголемување на меѓудржавните трговски спорови.
Иронијата на историјата е дека Америка и ЕУ пред на крајот на 20. век беа главните иницијатори за формирање на СТО, која во тоа време имаше за цел да ја поттикне глобализацијата на економијата, новото регулирање на трговијата и промовирање на мирот и стабилноста. Брзиот економски напредок на земјите во развој, особено на Кина, Индија, Бразил (кој доби повеќе засилени спорови против американски и европски бизниси пред СТО) и други земји, го доведоа Западот, особено Вашингтон, во ситуација почесто да се најдат на страната на прекршителите на постојниот правилник за глобална фер трговија.
Трамп во неколку наврати истакна дека пресудите на СТО и неговата Апелациска комисија се штетни за интересите на американските работници и бизниси и дека Америка во некои трговски спорови многу подобро би поминала доколку преговарала „еден-на-еден“ со земјите со кои е во економски спор.
Согледувајќи ја доследноста на политиката на Вашингтон за блокирање на замената на судиите во Апелациското тело на СТО, Европската унија, Норвешка и Канада започнаа заеднички да размислуваат кон крајот на минатата година како да формираат неформални панели во рамките на Светската трговска организација за да се обидат да ги решат тековните меѓусебни спорови. Брисел неодамна најави дека ќе се обиде да се приклучи на оваа иницијатива со Кина, Русија и неколку други земји. Во исто време, Хондурас се приклучи кон Америка, поддржувајќи го ставот на Вашингтон дека Апелациската комисија е „премногу европска“, дека „замижува пред кинеската политика на дампинг цени на светскиот пазар“ …
Како и да е, натамошното продолжување на работата на Светската трговска организација, сега кога и официјално остана без „врховен суд“ (како што Апелацискиот совет го нарекуваат во некои кругови), во овој момент дејствува неизвесно.
Роберто Азеведо, шеф на СТО, смета дека можеби се уште не е се изгубено за СТО.
– Парализацијата на Апелацискиот панел не значи и крај на трговскиот систем, истакна Азеведо во пресрет на седницата на СТО, оваа недела во Женева.
Во меѓувреме, членството во СТО не ја крие непријатноста.
– Најголем ризик сега е што помоќните земји ќе можат посилно да ги туркаат помалите држави околу условите за трговија, предупредува Ксолелва Млумби-Петер, амбасадор на Јужноафриканската Република при СТО.
Додека многу членки на СТО сметаат дека се неопходни глобални мултилатерални трговски реформи, особено во пост-кризниот период (по 2008 година) и во услови на глобална економска поларизација, неизвесно е кога светот ќе се согласи на новите правила.
– Светската трговска организација се соочува со најголемата криза од своето основање. Ако веќе не можат да се применат правилата на глобалната трговија, на дело ќе стапат законите на џунглата, порача неодамна Фил Хоган, новиот европски комесар за трговија.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија