Најмалку 26 мртви во Пакистан од пиење отровен ликер
Најмалку 26 лица умреле, а други 40 се сериозно заболени, во Пакистан, откако пиеле илегално направен алкохол, соопшти пакистанската полиција.
Во трагичниот инцидент, што се случил за време на Божик, во градот Тоба Тек Синг, во провинцијата Пенџаб, 24 починати се христијани, додека двајца се муслимани.
Според пакистанските закони, муслиманите не смеат да пијат и да купуваат алкохол, додека за малцинските христијани потребна е дозвола за купување.
Строгите прописи предизвикуваат луѓето кои сакаат да пијат алкохол да се снабдуваат илегално, на „црниот пазар“ на кој најчесто се продава алкохол направен во домашни услови.
Тој е многу поевтин од алкохолот што може да се набави легално, но многу често е смртоносен, затоа што се користи отровниот метанол.
Еден од преживеаните изјавил за полицијата дека двајца локални муслимани добиле задача за божикната прослава, да им набават на христијаните ликер на „црниот пазар“. Тие тоа и го направиле, но сега и обајцата се мртви.
Претставник на полицијата изјавил дека е покрената истрага која треба да утврди каде се произведува опасниот ликер и кој им го продава на луѓето.
Ова не е прв таков случај во Пакистан: Во октомври 11 лица умреа од труење со домшно произведен алкохол. И овој инцидент се случил во провинцијата Пенџаб.
Ново на Сител
-
ДИК: Излезноста до 9 часот е 7,22 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
-
Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ
-
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
-
ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат