-->
-->
Најмалку 46 мигранти се удавија во близина на Тунис
-->
Најмалку 46 лица се удавија откако потона брод што превезувал мигранти во близина на брегот на Тунис. Бродот се превртел во близина на пристаништето Сфакс, соопшти Националната гарда на Тунис. Во вторникот испливале 22 тела, а другите биле пронајдени како лебдат откако бродот потонал. Повеќето од жртвите се од Брегот на Слоновата Коска, освен капетанот, кој е државјанин на Тунис. Според некои извештаи, на бродот имало 53 мигранти, но сè уште не се пронајдени сите тела. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации соопшти дека во првите четири месеци од оваа година, бројот на обиди на мигрантите да стигнат до италијанскиот брег е 150 проценти поголем од минатогодишниот просек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци