Најмалку четворица загинати во експлозија во џамија во Кабул
Најмалку четири лица загинаа , а уште осум се повредени во експлозија во џамија во западниот дел на Кабул за време на денешната петочна молитва, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
„Експлозивна направа беше поставена и активирана во џамијата Шир Шах-е-Сури за време на петочната молитва“, се наведува во соопштението на министерството, додавајќи дека меѓу жртвите е Азизулах Мофле, кој ја предводел молитвата.
Портпаролот на министерството, Тарик Аријан, изјави дека полицијата веднаш ја опколила областа и помогнала во транспортот на повредените во околните болници.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но џамијата беше нападната и претходно овој месец од страна на ќелија на милитантната група Исламска држава од авганистанската провинција Нангархар.
-Интересно е што секогаш кога имаме напредок за постигнување на мирот, се случува еден ваков напад, изјави Хабиб Вардак, аналитичар за национална безбедност од Кабул, пренесе „Ал Џазира“.
„За минатонеделниот напад врз џамијата одговорноста ја презеде ИД. Значи, и покрај тоа што секој ден имаме владини прес конференции на кои се слуша дека ИД е елиминирана, како тогаш тие можат да извршат вакви софистицирани напади“, праша тој.
Движењето на талибанците веднаш се дистанцираше од нападот. Во соопштението објавено на социјалните мрежи портпаролот на талибанците, Забихулах Муџах, изјави дека нападот е дел од заговор на „непријателите“ во време кога преговорите напредуваа.
Авганистанската Влада го опиша нападот како „нехуман“ и „спротивен на принципите на исламот“.
Ново на Сител
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
-

Министерство за здравство: Епидемиолошката состојба во Гостивар стабилна
-

Нема нови случаи на западнонилска треска, последните суспектни случаи се негативни
-

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден градот
-

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
