Најмалку десетмина загинати при уривање зграда во Индија
Најмалку 10 лица загинаа, а се стравува дека десетици се под урнатините, откако денеска се урна дел од трикатна станбена зграда во близина на индискиот финансиски центар Мумбаи, соопштија властите.
Несреќата се случи во индустрискиот град Биванди, 40 километри северо-источно од Мумбаи, а градскиот комесар Пнаќа Аши рече дека стравува дека речиси 26 семејства останале под урнатините.
Се уште не е позната причината за уривањето на зградата со 54 станови, а станарите велат дека почнале да бегаат откако се појавиле пукнатини.
Како што пренесуваат медиумите, досега се извлечени 11 повредени лица.
При отстранување на урнатините учествуваат членови на градските служби и Националните сили за одговор на катастрофи.
Причината за уривањето на повеќето стари или нелегално изградени згради во Индија обично се бара во обилните врнежи, а бројот на вакви несреќи се зголемува за време на сезоната на монсуните, од јуни до септември.
Ново на Сител
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави