Најмалку двајца загинати, 30 исчезнати по лизгање на земјиштето на автопат во Бразил
Најмалку 30 лица се водат како исчезнати по свлечиште на автопат во јужен Бразил, соопшти доцна синоќа регионалната влада на државата Парана.
Како што пренесе ДПА, шест лица се спасени живи по свлечиштето што се случило во понеделникот, но пожарникарите извлекле и две тела, соопштија регионалните власти на Твитер.
Во понеделникот дојде до лизгање на земјиште на автопатот БР-376 во близина на Гуаратуба по силен дожд и затрупа 16 возила.
– Немаме начин да го одредиме точниот број на жртви, бидејќи може да има од едно до пет лица во секое возило. Затоа претпоставуваме дека се исчезнати меѓу 30 и 50 лица, изјави шефот на противпожарната бригада Маноел Васко.
Во потрагата учествуваат екипи на противпожарната единица, цивилната одбрана и операторот на автопатот. Спасувачките сили користат и термални камери за да ги пронајдат затрупаните.
Во меѓувреме, постојаниот дожд може да доведе до дополнителни лизгања на земјиштето и да ги отежни спасувачките напори.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници