Напад на борци на Ал Шабаб врз хотел во Могадишу
Припадници на исламистичката група Ал Шабаб денеска упаднаа во хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, убивајќи при тоа најмалку осум лица, јави ДПА.
Според изјави на очевидци двајца бомбаши-самоубиијци со автомобил удриле во влезот во хотелот „Амбасадор“, каде вообичаено престојуваат бизнисмени и владини претставници. При експлозијата е уништен влезот на хотелот и неколку околни продавницитоа.
Според полицискиот претставник Али Хасан Кулмие, веднаш по експлоцијата борци на Ал Шабаб влегле во хотелот и отвориле оган врз присутните. Обебзедувањето на хотелот успеало да усмрти еден од напаѓачите, пред тој да да влезе во луксузниот хотел.
Кулмие додаде дека меѓу убиени се и двајца сомалиски пратеници.
Безбедносните сили за кратко време го опколиле хотелот и ја расчистиле областа.
Кусо по инцидентот, портпаролот на Ал Шабаб, шеик Абдаисис Абу Мусаб, во изјава за локалното радио Андалус презед одговорноста за нападот.
Групата Ал Шабаб, која се бори за создавање исламистичка држава во Сомалија и дел од мрежата на терориситчката група Ал Каеда и често напаѓа владини и луксузни објекти во Могадишу.
При последниот поголем напад на Ал Шабаб врз хотел во Могадишу во февруари годинава, загинаа 22 лица, а 30 беа ранети.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o