-->
-->
Нелегални ловни пушки пронајдени во „лада“, уапсени двајца прилепчани
-->
На 11.01.2022 од полициски службеници од Полициското одделение Чашка биле лишени од слобода М.Ѓ.(59) и Д.Т.(36), двајцата од Прилеп.
При контрола на возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17.00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола.
Лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа