Нема да се игра кошаркарскиот Супер куп
Оваа сезона Супер купот на Македонија во кошарка нема да се одигра соопшти Македонската кошаркарска федерација. Во соопштението објавено на интернет страницата на МКФ се вели:
Кошаркарскиот Суперкуп оваа година нема да се одигра. И покрај заложбата на Македонската кошаркарска федерација за одржување на истиот, за жал, екипата на МЗТ Скопје Аеродром не успеа да прифати ниту еден од предложените термини за одигрување на Суперкупот.
Во изминатите две седмици МКФ беше во постојан контакт со двете екипи кои требаше да настапат на овогодишното издание на Суперкупот (МЗТ Скопје Аеродром како актуелен шампион во домашното првенство и Карпош Соколи како освојувач на државниот Куп), се бараше соодветен датум и термин за одигрување на истиот кој впрочем во цела Европа се игра една седмица пред почетокот на првенството како вовед во претстојната сезона.
Оваа тема беше на дневен ред на последната расправа на состанокот кој беше организиран од страна на Здружението на сениорски лиги и се даде можност да се изнајде датум и термин за одигрување на ова, веќе традиционално, натпреварување кое во изминатите години, особено во последните три учество земаа првите осум екипи по пласман од изминатата сезона.
Сакаме да изразиме големо жалење што оваа манифестација не е прифатена како воведен, задолжителен, календар од претстојната натпреварувачка сезона и со самото тоа влијае за намалување на популарноста на овој спорт.
Управниот одбор при МКФ ваквото откажување на поединечни екипи во иднина нема да го толерира. Веќе на наредната седница на УО ќе се донесе одлука да Суперкупот биде одигран со фиксен датум и термин (една седмица пред почетокот на првенството) и доколку екипите го откажат своето учество ќе бидат соодветно санкционирани.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево