Нема да верувате која холивудска дива прошета низ Белград со своето семејство
Холивудската ѕвезда Џулија Робертс пристигна во Белград, каде ќе помине неколку дена со својот сопруг Даниел Модер и со своите деца Хејзел, Финејс Волтер и Хенри Даниел, пишува весникот „Вечерње новости“.
Неофицијално, светски познатата актерка пристигнала во Белград тајно, без претходна најава. Всушност, таа го придружува својот сопруг, сценарист, оператор и режисер, кој работи на еден проект во Белград. Според договорот кој го потпишал, тој се обврзал да не дава никакви информации додека филмот не биде завршен. Семејството престојува во хотел на Студентскиот плоштад во српската престолнина.
Во петокот и во саботата Џулија и нејзиното семејство јаделе во ресторан „Смоквица", чии келнери во почетокот дури не ја препознале. - Таква е како што изгледа на телевизија. Скромна, нормална и мирна. Никој не ја позна, немаше чувари, седеа во мирна семејна атмосфера. Пријатно беше да ги гледаш, велат келнерите.
Ново на Сител
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение