Непознати напаѓачи во предградие на Каиро убиле осуммина полицајци во цивил
Непознати напаѓачи ноќеска во округот Хелван, јужно од Каиро, убиле осум египетски полицајци во цивил, информира денеска египетското Министерство за внатрешни работи, пренесе Танјуг.
Полицајците патувале во комбе кога напаѓачите со пик-ап им го блокирале патот и полициското возило го засипале со рафален оган, се наведува во соопштението на министерството, пренесуваат британските меидуми.
Меѓу погинатите се еден полициски поручник и седуммина полицајци, кои биле во патрола кога доцна синоќа упаднале во заседата, наведува министерството.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но џихадистите, вклучувајќи ги и оние од Исламска држава, последните години убија стотици египетски полицајци и војници во нивните напади, главно на Синајскиот Полуостров, но и во и околу Каиро.
Египетските криминални банди, исто така, во повеќе наврати убиле полицајци, но денешниот напад ги има сите карактеристики на нападите на џихадистите, кои во Египет се присутни откако од власта во 2013 година беше соборен претседастелот Мохамед Морси.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба