Нетанјаху ги обвини поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ за организирање уцена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини шефот на израелската безбедносна служба „Шин Бет“, Ронен Бар, за организирање „уцена“, откако поранешниот шеф на службата Надав Аргаман се закани дека ќе открие „се што знае за Нетанјаху ако го прекрши законот“.
Како што пишува сајтот „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху со месеци се обидува да го замени Бар, за да ја префрли одговорноста за неуспесите врз безбедносниот сектор за нападот на Хамас на 7 октомври, а не на политичкото раководство.
Бар дава отпор, верувајќи дека неговото заминување ќе му овозможи на Нетанјаху да постави човек лојален на чело на Шин Бет.
Планот за смена на Бар дополнително се комплицира со истрагата на „Шин Бет“ и полицијата за наводните врски на некои советници на Нетанјаху со катарската Влада, пишува споменатиот портал.
Во интервју за израелскиот канал 12, Аргаман ја критикуваше одлуката на Нетанјаху да дозволи катарските пари да се слеваат во Појасот Газа од 2018 година, и покрај предупредувањата од безбедносните служби дека таквата политика може да има „сериозни последици“.
Нетанјаху одговори со обвинување на Аргаман и Бар за уцена.
„Никогаш во историјата на Израел поранешен шеф на безбедноста не уценувал актуелен премиер на телевизија“, напиша Нетанјаху на IX.
„Шин Бет“ одговори со соопштение, велејќи дека Бар „целото свое време го посветува на безбедносните прашања, напорите за ослободување на заложниците и заштитата на демократијата“.
Аргаман во интервјуто додаде дека Нетанјаху треба да ја поддржи истрагата за можните врски на неговите соработници со Катар, доколку смета дека нема ништо спорно.
„Премиерот знае се што се случува во неговиот кабинет“, рече поранешниот шеф на „Шин Бет“, предупредувајќи дека потенцијалното влијание на Катар врз израелската политика ќе биде „катастрофално“.
Ново на Сител
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот
-
Нетанјаху ги обвини поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ за организирање уцена
-
Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки
-
Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
-
Во Газа, 90 отсто од населението нема сигурен пристап до вода, 80 отсто нема пристап до храна
-
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-
Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
-
Вчера казнети 807 возачи