Нигериската војска одби да употреби оружје на протестите во Лагос
Владата на нигериската држава Лагос побара денеска од војската да интервенира, со цел да воспостави ред на протестите кои се одржуваат против полициската бруталност, но војниците одбиле да употребат оружје врз цивилите, соопшти нигериската армија.
Протестите во земјата станаа насилни на 20 октомври откако, според наводите на очевидци во Лагос, војската отворила оган врз мирните демонстранти веднаш откако локалните власти воведоа 24-часовен полициски час.
Владата на Лагос побара од војската да се распореди поради насилството кое доведе до палење на неколку полициски станици и убиство на полицаец.
Нигериските безбедносни сили, исполнувајќи ги своите уставни одговорности, не отвори оган врз ниту еден цивил, се додава во соопштението на војската.
Според очевидци и меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнал, полицијата и војската во Лагос убила најмалку 12 лица.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци