Димовски: Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ со прашања од директна полза за граѓаните
Координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ Илија Димовски на денешната прес-конференција нагласи дека пратениците во Собранието имаат целосно право да изберат дали пратеничките прашања ќе ги користат во полза на граѓаните, нивните проблеми, барања и поплаки или ќе ги користат во полза на тесниот партиски интерес на партијата на која и припаѓаат.
- Ние овде, во Собранието имаме право да избереме дали ќе бидеме портпароли на партиите од каде доаѓаме или на граѓаните кои не избрале, рече Димовски.
Во Собранието, посочи, се гледаат два различни концепти и тоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница, но и на претходните десет, поставуваат прашања кои до нив ги доставиле граѓаните и кои се од директна и конкретна полза на нив. Пратениците од СДСМ, подвлече Димовски, очигледно одлучија да поставуваат прашања кои само нивната партија ги нарачува, а немаат никаква конкретна полза или интерес за граѓаните.
- Пратениците на СДСМ очигледно се само пратеници на својата партија, но не и на граѓаните. Тоа го видовме кога одлучија да не доаѓаат на работа, но за жал го гледаме и денес кога одлучија да поставуваат прашања кои се интересни само за нивното партиско раководство, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Димовски.
Тој потсети дека пратеничка група на ВМРО - ДПМНЕ има редовни контакти со граѓаните преку организираните посети на сите населени места и урбани заедници, но и преку контактот со граѓаните во пратеничките канцеларии.
- Како директен резултат, пратениците на ВМРО-ДПМЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ до сега имаат поставено близу 250 пратенички прашања кои потекнуваат од граѓаните и се од нивен директен интерес. Огромен број на конкретни барања на граѓаните, како резултат на пратеничките прашања, се решија или се во процедура да се решат. Ние сме горди заради тоа што сме помагале на граѓаните, посочи Димовски.
Потсети на дел од барањата и проблемите кои пратеници ги поставиле како пратенички прашања, а биле решени или веќе се во процедура на разрешување, како што се реконструкција на повеќе регионални и локални патишта меѓу кои локалниот пат од село Кажани до Ѓавато, на патот Сиричино Шемшево, на Ново Село - Маврови Анови, реконструкција на кардиолошкиот центар во болницата Св. Ерзазмо во Охрид, реконструкција на патот од Струга до Радожда, донесувањето на закон за признавање на стажот на земјоделците од 1978 до 1988 кој е плаќан, а не беше признат, по Законот за старосно осигурување на земјоделците, реконструкција и санација на патот од Демир Хисар до Крушево. Димовски ги спомена и започнатата изградба на повеќенаменско игралиште во село Кетеново, проектот за канализациона мрежа во селата Калуѓерица и Воиславци, обезбедениот мамограф во Крива Паланка, проектот Подвижни аптеки во општина Маврово - Ростуше, доградбата на водоводот во селата Луково, Нерези и Пискупштина во Струга, проектот за водоснабдувачки систем на Станечка река и доопремување на филтер станица за вода за пиење во Крива Паланка, изградбата на инфраструктурата во ТИРЗ Прилеп, на игралиште и нова спортска сала во село Лабуниште, проектирањето за изградба на регионален пат од Старо Коњарево до Ново Коњарево, постапката за отворање на првиот археолошки локалитет во село Граиште - Демир Хисар, како и анализата на состојбата и можноста за археолошки истражувања на локалитетот Велешко кале, јужно од Велес.
Димовски потенцира дека низ пратеничките прашања пратеничка група на ВМРО - ДПМНЕ и на коалицијата им помогна на илјадници граѓани и на многу населени места низ територијата на цела Македонија.
- Ова се конкретни прашања за конкретни проблеми и не е празно политиканство. Овие прашања се побарани од граѓаните, а не од партиските раководства. Ние не дозволивме пратеничката говорница да биде партиска говорница, рече Илија Димовски.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот