Средба на Саудиска Арабија и сојузниците за катарската криза

Саудиска Арабија и нејзините сојузници во катарската криза - Бахреин, Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска одржуваат средба во Каиро, еден месец откако ги прекинаа сите врски со Катар.
Средбата на ниво на министри за надворешни работи се одржува само еден ден пред истекот на продолжениот краен рок, што му беше даден на Катар за да ја прифати листата со барања или да се соочи со нови санкции.
Меѓу барањата за властите од Доха се издвојува прекинот на сите врски со Иран, како и затворањето на телевизијата Ал Џезира.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници го обвинуваат Катар за дестабилизација на целиот регон во Персискиот Залив и за поддрпка на исламскиот екстремизам и тероризмот, што официјална Доха го негира.
Катарските власти во меѓувреме соопштија дека станува збор за нереални и за неприфатливи барања.
Малата земја во Заливот, со 2,7 мииони жители, е изложена на досега незабележани економски и дипломатски санкции од нејзините соседи Саудиска Арабија, Бахреин и ОАЕ, како и од Египет.
Овие земји во понеделникот одлучија на Катар да му дадат дополнителни два дена за размислуваље околу прифакањето на ултиматумот.
Дипломатски извори во Каиро, на кои се повикуваат локалните медиуми, тврдат дека властите во Доха одговориле на изнесените барања, но дека засега тие не се јавно обелоденети.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
