Преглед на вестите од светот
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида. Тој разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и дека е забележан брз напредок.
Воедно ја обвини Русија не сака да ја заврши војната и за една недела руските сили употребиле речиси 1.300 борбени дронови, околу 1.200 бомби и девет крстосувачки и други ракети врз Украина.
Советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков изјави со европските и украинските амандмани на американските предлози не се подобруваат изгледите за мир во Украина.
Европските и украинските преговарачи разговараат за низа измени во американскиот предлог за договор за прекин на речиси четиригодишната војна, но не се познати измените. Ушаков истакна дека не се подготвува состанок на американски, украински и руски претставници, иако од петокот во САД се одржуваат одделни разговори за евентуално мировно решение.
Сепак рускиот претставник Кирил Дмитриев истакна дека дискусиите со Виткоф и Кушнер „напредуваат конструктивно“, а тоа го потврди и Виткоф на мрежата Х.
Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Украина и Русија да постигнат договор за што поскоро завршување на речиси четиригодишниот конфликт, но Русија сака да ги задржи украинските области што ги зазеде, а Киев одби да отстапи територија.
Додека повеќето луѓе што го слават Божиќ ја поставуваат својата традиционална елка дома, нуркачите во Загреб поставија една до дното на езерото Јарун. Ова е клупска традиција што датира од пред 10 години. Во слична традиција во има и со нуркачите кои однесоа елка во Охридското Езеро, едно од најдлабоките во Европа.
Дедо Мраз иако е познат каде што има ниски температури и снег пред се, го има и во Националниот морски резерват Флорида Кис.
Локалниот нуркач Спенсер ги предводеше и костимирани џуџиња и празнично облечена сирена. Групата пливаше покрај јатата риби и друг морски свет во сезонски пресврт на истражувањето на гребенот.
Дедо Мраз пристигна со брод во крајбрежна заедница во општината Кареиро да Варзеа, во државата Амазонас, ширејќи празнична радост меѓу родителите и децата. Оваа иницијатива е во функција од 1998 година, има за цел да донесе божиќна радост во изолираните крајбрежни заедници.
Членовите на локалниот клуб за водни спортови во Солун облечени како Дедо Мразовци се качија даски и се појавија во водите на солунскиот залив како годишен празничен спектакл со цел ширење празнична радост и привлекување луѓе кон морето. Имаше повеќе од 50 учесници.
Во Италија овој Божиќ, Дедо Мраз ги замени своите традиционални санки со поневообичаени форми на транспорт, вклучувајќи велосипеди, мотоцикли, така беше во Рим, па дури и со гондоли во Венција додека празничните паради се движеа низ градските улици и водните патишта.
Секако најрадосни од сето ова беа децата.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
