Владата ќе бара мислења за двосменско работење на градинките
Владата ја разгледува можноста за воведување втора смена во јавните установи за деца - градинки во Република Македонија.
За таа цел, на вчерашната седница Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да ја информира јавноста и од сите засегнати страни да побара мислење за потребата од двосменско работење на градинките.
На дневен ред на седницата, како што стои во денешното соопштение на Владата, била дискутирана и Информацијата за текот и прогресот за отварање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија.
Притоа Министерството за труд и социјална политика било задолжено на секои шест месеци да ја информира Владата за прогресот на активностите и тоа за: формирани центри за ран детски развој, број на деца кои ќе се опфатат во центрите за ран детски развој и број на воспитувачи кои ќе бидат вработени во центрите за ран детски развој, доколку избраните општини имаат доволно средства во сопствениот буџет за покривање на трошоците за функционирањето на центрите за ран детски развој.
Ново на Сител
-
Далас со само седум кошаркари го заврши натпреварот со Феникс, повредите продолжуваат да ги мачат Маверикс
-
Мицотакис веројатно ќе направи реконструкција на Владата во следните денови
-
Почина Милан Кубин - еден од најдобрите македонски кик боксери
-
Белгија следната година ќе воведе електронски лични карти
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Трипуновски: Наскоро ќе биде објавен Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа
-
Трамп се пошегува со американските астронаути заглавени на МВС
-
Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат на почетокот на новата недела