Британски институт: Нова корејска војна е реална можност
Британскиот Институт за студии за безбедност и одбрана (РУСИ) ја предупреди Владата во Лондон дека „нова корејска војна сега е реална можност“ и апелира да отпочнат подготовки за евентуалниот судир меѓу САД и Северна Кореја.
Заменик генералниот директор на РУСИ (The Royal United Services Institute for Defence and Security Studies), Малколм Чалмерс истакна дека нова корејска воја е „реална можност“ делумно поради фактот дека Доналд Трамп е „хировит и импулсивен“.
- Ако почне војна, претседателот (Трамп) во рок од еден час телефонски ќе побара поддршка од Даунинг стрит 10. Тогаш британската премиерка ќе има само неколку часа да се изјасни за нешто што би било еден од најголемите стратешки шокови по Студената војна, истаклна Чалмерс.
Тој додава дека Велика Британија како близок сојузник на САД најверојатно ќе мора да пружи помош во судирот на Корејскиот Полуостров, каде во моментот се стационирани околу 35.000 американски војници.
- На Корејскиот Полуостров се создава опасна мешавена на севернокорејски технолошки напредок, неодамна е лансирана нова интерконтинентална ракета, како и хировитите и импулсивни карактеристики на Трамп, истакнува Чалмерс.
Според него најдобро сценарио би било Велика Британија да пружи дипломатска поддршка, со преговори со цел за сузбивање на ширењето на конфликтот и обезбедување САД и Кина „да бидат среќни“ со мировниот договор.
Ново на Сител
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет