Дуда ги повика граѓаните на Полска да дадат предлози за новиот Устав
Претседателот на Полска Анджеј Дуда ги повика своите сонародници да направат предлози за содржината на новиот Устав на земјата, што ќе го замени сегашниот што е усвоен во 1997 година.
Дуда наведе дека граѓаните на Полска можат да испраќаат предлози во следните 12 месеци до неговата канцеларија и до локалната самоуправа со цел да биде распишан референдум во ноември 2018 година.
- Предлозите треба да бидат дискутирани на регионални средби на социјалните групи и ќе бидат вклучени во основата на десетте прашања кои ќе бидат поставени на референдумот, објасни полскиот претседател.
Дуда ја покрена иницијативата за нов Устав во мај годината, со што видно се зголеми рејтингот на неговата партија Право и правда.
Полскиот претседател истакна дека сегашниот Устав на Полска е „привремен“ и оти има недостатоци и не е соодветен за зрела демократија.
Дуда нагласи дека очекува луѓето да се изјаснат по прашањата, дали основниот закон треба да обезбеди бесплатно образование и здравство и за тоа какви да бидат надлежностите на државните институции.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот