Свет
10. October 2015 - 9:30

Поддршка за либиската влада на национално единство

Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и САД ја поддржаа владата на национално единство во Либија, предложена од ОН со цел да се стави крај на конфликтот меѓу двете ривалски влади во земјата.

- Одложувањето формирање влада на единство само ќе го пролонгира страдањето на либискиот народ и ќе им користи на терористите, се наведува во заедничкото соопштение на овие земји.

Во соопштението се додава дека меѓународната заедница ќе застане зад владата на национално единство, на која и претстои тешка задача за возпоставување мир и стабилност во Либија, како и дека ќе бидат изолирани оние кои нема да го почитуваат тој договор.

Пратеникот на Обединетите нации за Либија Бернандино Леон во четвртокот соопшти дека во таа земја е формирана влада на национално единство, по долготрајните и тешки преговори, кои ставија крај на повеќемесечното двовластие во Либија.