Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека на поранешната републиканска претседателска кандидатка и поранешна амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, и на поранешниот државен секретар Мајк Помпео нема да им биде понудена позиција во неговата администрација.
„Нема да ја поканам поранешната амбасадорка Ники Хејли и поранешниот државен секретар Мајк Помпео да се приклучат на администрацијата што во моментов се формира“, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Truth Social“.
„Многу ја ценев работата со нив и би сакал да им се заблагодарам за нивната услуга за нашата земја“, додаде новоизбраниот американски претседател.
Пред инаугурацијата, која традиционално се одржува на 20 јануари, Трамп има средби со потенцијалните кандидати за служба во неговата администрација. Британските медиуми во петокот објавија дека тој веќе разговарал со истакнатиот инвеститор Скот Бесент, кој е потенцијален кандидат за министер за финансии на САД.
Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина, која беше амбасадор на САД во Обединетите нации за време на првиот мандат на Трамп, го поддржа за претседател и покрај тоа што жестоко го критикуваше кога таа се натпреваруваше за номинација внатре во партијата.
Помпео, кој беше државен секретар на Трамп и директор на ЦИА, во некои медиумски извештаи се споменуваше како можен секретар за одбрана.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
